image

МЛАДОСТ ЛЕСКОВАЦ

Младост Лесковац е еден од најголемите и најважните производители на градежен материјал во регионов, познато име на пазарот, синоним за квалитетни керамиди и блокови за ѕидање и меѓуспратни конструкции кои што благодарејќи му на квалитетот го пронајдоа патот до задоволните корисници на целата територија на Србија, Косово, но и на пазарот во Македонија, Бугарија, Романија, Албанија, Црна Гора.


НОВО

ЕНЕРГЕТСКИ БЛОКОВИ

Блоковите за ѕидање со перо и жлеб N+F се произведуваат со дебелини од 100 до 350 mmи се со иста јакост и маса на волумен, како и глатките блокови од автоклавен гасбетон. Од едната страна на секој блок има вертикални вдлабнатини-жлебови,а од другата страна се профилирани испакнати ленти,преку кои соседните блокови се приклучуваат еден кон друг. При тоа не е потребно да се нанесува лепилен раствор на вертикалната фуга.Со правилна употреба на овој тип на блокови се заштедува околу 25% од лепливиот раствор и од 10 до 15% од времето за ѕидање.

Screenshot

КАРАКТЕРИСТИКИ

Програмата на блокови од Младост Лесковац содржи производи со разни видови на димензии кои што овозможуваат разновидна градба која што подразбира:

11 Парчина блокови на 1 М2 ѕид

Заштеда на околу 25% од лепливиот раствор

Заштеда на 10-15% од времето за ѕидање

Низок коефициент на термичка пропустливост

Добра звучна изолација

брза, ефикасна и евтина градба

Природен и еколошки здрав производ

Eколошката технологија

Добра акумулација на топлина

ПРОИЗВОДИ

ЕНЕРГЕТСКИ БЛОК ЕБ 25


ЕНЕРГЕТСКИ БЛОК ЕБ 25 LIGHT


ЕНЕРГЕТСКИ БЛОК ЕБ 20


ЕНЕРГЕТСКИ БЛОК ЕБ 12

ГАРАНЦИЈА НА КВАЛИТЕТ

Kaкo гаранција на квалитетот, покрај секојдневната интерна контрола во лабораториите на нашите фабрики, сите производи поседуваат сертификати за квалитет издадени од страна на eвропски признатите институти.

Исто така, сите производи CE знак (Директива на ЕУ за градежни производи 89/106/EEC) издаден од страна на CIES Институтот од Стара Загора, Бугарија кој што е овластено тело од страна на ЕУ за тестирање и сертификација на производите по стандардите на ЕУ.